Со цел да ги промовира и да ја унапреди употребата на своите производи ВИТА-ВЕТ покрај својата дејност ги има објавено следниве публикации:

Scalibor protector band - карактеристики

Целата брошура во PDF формат (преземи PDF)

КОМПЕНДИУМ 2017

Целата брошура во PDF формат (PDF 4801 KB)

ВАДЕМЕКУМ ad.us.vet. 2014

Целата брошура во PDF формат (PDF 35064 KB)

проф. д-р Коле И. Поповски

ИСХРАНА НА ТЕЛИЊАТА СО KALVOLAC И СТИМУЛАТОРИ НА РАСТОТ NUTRIBAC

Меѓу проблемите со кои денес, најмногу се соочуваат сточарите во доменот на одгледувањето на телињата, и понатаму се најактуелни честите заболувања и смртноста кај телињата, но и воведувањето на нови и современи методи во нивната исхрана и здравствена заштита. Решавањето на овие проблеми е меѓусебно тесно поврзано, а главна цел е намалување на трошоците во одгледувањето на подмладокот а со тоа и намалување на трошоците во производството на млеко и месо. Здравствената заштита на телињата во првите седмици од животот сe уште претставува голем проблем и покрај значајниот напредок во ветеринарната медицина.

Целата брошура во PDF формат (PDF 590 KB)

проф. д-р Коле И. Поповски

МЕТАБОЛИТИЧКИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ПРЕЖИВАРИТЕ

Задачата на исхраната на високопродуктивните раси преживари е да се обезбеди пред се:

– добра здравствена состојба и кондиција на животното;
– нормална лактација;
– поголем број на лактации во текот на експлоатацијата;
– максимална количина на млеко со оптимален хемиски состав и
– донесување на свет на здрав и витален подмладок.

Ако одгледувачите на домашните фармски преживари особено кај високо млечните крави не обрнат доволно и соодветно внимание, особено во исхраната во одредени производствени фази се изложуваат на ризик од појава на проблеми. Животните лесно можат да заболат, со што се појавуваат тешки раѓања, а продукцијата на млеко може да биде под очекуваното ниво. Меѓутоа мора да се има во предвид дека проблемите најчесто се јавуваат подоцна.

Пореметувањата на метаболизмот на хранливите материи кај кравите најчесто се манифестираат во перипарталниот период, заради зголемените потреби за раст и развиток на фетусот, како и заради потребите за лактација. Перипарталниот период започнува 3 седмици пред и 2 седмици по партусот. Поаѓајќи од тоа оброкот за преживните животни посебно во перипарталниот период треба да биде оптимално избалансиран, не само во однос на содржината на хранливите материи туку и во поглед на нивниот меѓусебен однос како и влијанието на метаболичките патишта и хомеостатските механизми. Доколку не се задоволат овие барања доаѓа до појава на метаболички пореметувања односно метаболички заболувања.

Целата брошура во PDF формат
(PDF 1480 KB)

проф. д-р Коле И.Поповски, м-р Јована Стефановска

ОДГЛЕДУВАЊЕ НА КОЗИ

Долго време е присутно мислењето, кое не е променето и денес, дека козата е симбол на сиромаштијата. Дека тоа не е така, говорат податоците за одгледување млечни кози во најразвиените земји во светот (Франција, Швајцарија,Холандија, Германија, САД).

Денес, кога во нашата земја, млекото, месото и преработките од нив се повеќе се барани, се наметнува потребата од обновување на козарството како важна гранка на сточарското производство. Треба јасно да се укаже дека козата е високопродуктивно животно, па оттаму произлегува фактот дека стопански е оправдано подигнување поголеми и помали фарми, како и поединечно чување и одгледување квалитетни кози.

Козата, во однос на другите преживни животни користи во многу поголем број разни видови храни и поседува значителна способност за искористување на храната. Со цел, одгледувачите колку-толку да го надополнат знаењето за козите, се потрудивме да го напишеме овој мал стручно-популарен прирачник и настојувавме материјалот да го направиме достапен и во најкраток облик. Во него се разгледува значењето и состојбата на козарството во светот и кај нас, најраширените и најперспективните раси, прашањата од генетско-селекциски аспект, исхраната и одгледувањето на козите. Специјално внимание е посветено на производите од козите. Опишани се и најраширените заболувања кај возрасните и младите животни.

Прирачникот можат да го користат одгледувачите кои се занимаваат со одгледување кози, како и идните потенцијални одгледувачи. Овој прирачник ќе им користи и на стручните лица кои имаат интерес да работат на проблематиката во козарството.

Издавач: Вита-Вет
За издавачот: Јасмина Латковска
Автор: Коле И. Поповски
Јована Стефановска
Соработник: Маја Краљевска
Јана Мановска
Рецензент: Георги Мицковски
Ком.обработка: Иван Краљевски
Печати РАСТЕР – Прилеп
Тираж: 300 примероци

Целата брошура во PDF формат
(PDF 3380 KB)

проф. д-р Коле И. Поповски

ПРИМЕНЕТА ЕНДОКРИНОЛОГИЈА  ВО РЕПРОДУКЦИЈАТА

Ендокриниот и имуниот систем, заедно со нервниот систем играат многу важна улога во регулацијата и интеграцијата на животните функции во организмот на домашните животни, вклучувајќи ја и репродукцијата. Од тие причини, сé поголем е интересот на истражувачите за интензивниот развиток на ендокринологијата. За брзиот развиток на ендокринологијата и практичната примена на добиените сознанија, значајна улога одиграа методите за проучување на структурата и функцијата на ендокрините жлезди, како и вклучувањето на нови и современи методи за одредување на хормоните и нивните метаболити.

Поаѓајќи од горе изнесеното се наметна потреба од постоење на еден современ прирачник за примена на хормоните во ветерината и сточарството, заснован на научни сознанија добиени досега, што ќе им послужи на стручњаците да го користат во секојдневната практика, со цел да се унапреди ветеринарната клиничка практика.

Издавач: Вита-Вет
За издавачот: Јасмина Латковска
Автор: Коле И. Поповски
Соработник: Маја Краљевска
Рецензент: Георги Мицковски
Ком.обработка: Иван Краљевски
Печати РАСТЕР – Прилеп
Тираж: 300 примероци

Целата брошура во PDF формат
(PDF 3380 KB)