ORALADE HYDRATE + DOG
Oralade Hydrate+ Dog е специјално формулиран хипотоничен напиток наменет за обновување на течностите, минералите, глукозата и хранливите материи кои им се потребни на кучињата за оптимална хидратација. Произведен е со 100% природна арома на пилешко месо која Вашето куче ќе ја сака и која ќе го поттикнува да пие кога ќе биде потребно. Содржи пребиотички влакна GOS+ како поддршка на цревата.
Кај кучињата се препорачува за време на:
+Пред и после вежбање;
+При топло време и за време на патувања;
+Во период на закрепнување и стрес;
+Кај постари кучиња, при окучување, одвикнување од цицање.
Упатство за употреба:
Oralade Hydrate+ е диететски додаток во исхраната за намалување на акутните пореметувања во апсорпцијата на цревата. Содржи соодветно ниво на електролити како што се натриум и калиум и лесно сварливи шеќери. Пред употреба и при продолжен период на употреба се препорачува мислење од ветеринар.
Состав: Прочистена вода, декстроза монохидрат 2.1%, натриум хлорид, калиум хлорид, мононатриум фосфат, хидролизат на пилешки црн дроб, природна арома.
Адитиви: Ксантан гума 0.1%, глицин 0.2%, галакто-олигосахариди 0.2%;
Аналитички компоненти: Сирови протеини 0.3%, сирова маст 0.1%, сирови влакна 0.1%, сирова влага 96%, неорганска материја 0.5%, калиум 0.07%, натриум 0.1%, хлорид 0.2%, фосфор 0.026%, калциум 0.006%, 11 kCal/100ml.
Чување и складирање: По отворање да се чува во ладилник и да се искористи во рок од 3 дена. Неискористениот дел да се стави во друго шише по 12 часа. Може да се замрзнува за повторна употреба во рок од 12 месеци.
Пред употреба добро да се промеша. Период на употреба 1 – 2 недели при конзумирање на вообичаена храна. Хипоалерген и без глутен. Произведено од хидролизирано пилешко месо.
Количина: 400 ml
Бренд |
Oralade |
---|