ORALADE GI
Додаток во исхраната за кучиња и мачки. Не е за човечка употреба.
Период на употреба: 1 до 2 недели додека постепено се воведува нормална храна. Водата треба да биде достапна во секое време. Може да се дава со шприц
или во сад за вода и храна, течноста која не е испиена се заменува после 12 часа
Орална рехидрација: Oralade е диететски комплементарен производ кој ги намалува последиците од акутното пореметување во апсорпцијата на цревата. Може да се користи за време на акутна дијареја и во периодот на закрепнување. Содржи избалансирано ниво на електролитите натриум, калиум како и лесно сварливи шеќери.
Како поддршка на микроентералната исхрана, Oralade исто така ја содржи аминокиселината глицин и глутамат за нега на клетките кои го обложуваат гастроинтестиналниот тракт. Пребиотикот GOS+ помага во зачувувањето и здравјето на цревата. Без масти и со ниско ниво на протеини овозможува лесно варење и лесна апсорпција.
Адитиви: Ксантан гума 0.12%, Л-глутаминска киселина 0.19%, Глицин 0.4%, Галакто-олигосахариди 0.1%, природна арома на пилешко месо.
Аналитички состав: Сирови протеини 1%, Сирова маст 0.1%, Сирови влакна 0.3%, Влага 96%, Неорганска материја 0.5%, Натриум 0.08%, Калиум 0.14%, Хлор 0.20%, Фосфор 0.02%, Калциум 0.006%. 14 kCal на 100 ml.
Состав: Прочистена вода, декстроза монохидрат, натриум хлорид, калиум хлорид, мононатриум фосфат, хидролизат на пилешки црн дроб. Дополнителна употреба: хидратација при топло време, за време на патување, вежбање, окучувања…
По отворање да се чува во ладилник. Да се искористи во рок од 3 дена по отворањето. Може и да се замрзнува. Замрзнатиот производ да се употреби во рок од 12 месеци. Да се чува на суво и ладно место, да не се изложува на директни сончеви зраци. Диетален додаток во исхраната. Не е за човечка употреба. Да се чува вон дофат на деца.
Бренд |
Oralade |
---|