HEALTHY BITES – HAIRBALL REMEDY

Кога мачињата и мачките се чистат лижејќи ги своите влакна, тие влакна можат да бидат проголтани и се акумулираат во стомакот. Така се создаваат топчињата од влакна, познати како “hairball”.

Healthy Bites Hairball Remedy колачињата помагаат во пасажата на проголтаните влакна низ цревата и на тој начин спречуваат формирање на топчиња од влакна. Hairball Remedy колачињата, формулирани од страна на искусни нутриционисти и одобрени од страна на ветеринар, не содржат вештачки бои, ароми, конзерванси.

Состав: Хидролизиран пилешки протеин, оризово брашно, масло од маслена репка, пченка, екстракт од слад, производи на млечна база, природна арома, натриум хлорид, инулин, аскорбил палмитат, екстракт од масло од рузмарин, витамин Е, витамин А, витамин Д3.

Аналитички компоненти: Сирови протеини 25%, сирови масти 20%, сиров пепел 7%, сирови влакна 0.8%, влажност 7%.

Препорака за хранење (да се служат меѓу оброци како колачиња од 12-неделна возраст):

За превенција од создавање на топчиња од влакна: 6 колачиња секој ден;

За отстранување на топчињата од влакна: 10 колачиња секој ден.

Да се чуваат на суво место. Да не се изложуваат на директна сончева светлина. Да се затворат после употреба. По отворањето да се искористат во рок од 4 недели. Не се за човечка употреба.

Бренд

Mark and Chappell