Д.О.О. Вита-Вет Скопје

ул. Тајмишка 32, 1000, Скопје,
Република Македонија

Телефон:

+ 389 (0) 2 2614 681

+ 389 (0) 2 2636 588

+ 389 (0) 70 270 963

Email:

vita-vet@vita-vet.mk

Д.О.О. Вита-Вет Скопје

ул. Тајмишка 32, 1000, Скопје,
Република Македонија

Телефон:

+ 389 (0) 2 2614 681

+ 389 (0) 2 2636 588

+ 389 (0) 70 270 963

Email:

vita-vet@vita-vet.mk

5 ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Дали треба да користам препарати против паразити за моето милениче и кога е ладно?

АПСОЛУТНО ДА! Активноста на болвите и крлежите се намалува дури кога температурата ќе  падне константно под 4 Целзиусови степени.
Консултирајте се со својот матичен ветеринар за да ја одберете соодветната заштита за Вашиот миленик.

Колку често треба да го прочистувам мојот миленик од внатрешни паразити?

Младите миленичиња на возраст до 12 недели се прочистуваат од внатрешни паразити на секои две недели. Еднаш месечно се прочистуваат до достигнување на возраст од 6 месеци, а по таа возраст е доволно да се третираат на секои три месеци. 

Дали моето возрасно милениче сеуште треба да прима редовни вакцини?

Постои тенденција да се фокусираме на вакцинациите на нашите миленичиња во нивните рани години, но како што тие стареат нивниот имунолошки систем станува послаб, па затоа е важно редовно да се одржува заштитата кон заразните болести, преку ревакцинација. Вашиот ветеринар треба редовно да ве информира за појавата на било какви епидемии на заразна болест во вашата област.

На која возраст е најдобро да го стерилизирам/кастрирам мојот миленик?

Проблемот со бездомните животни во нашата држава е сериозен, па затоа препорачуваме стерилизација на женските миленичиња, и кастрација на машките миленичиња на возраст помеѓу шест месеци и една година. Но, секогаш постојат исклучоци врз основа на возраста, тежината и здравствената состојба. Вашиот ветеринар ќе ве извести кога е вистинското време.

Каква храна треба да јаде мојот миленик?

Начинот на исхрана не е нешто што е заедничко за сите видови животни и зависи од повеќе фактори: здравјето на вашето милениче, возраста и расата. Исто како што нашата диета влијае на тоа како се чувствуваме, важно е да се придржувате кон правилната исхрана на вашето милениче- затоа не заборавајте да се консултирате со вашиот матичен ветеринар. Ветеринарот ќе ве советува со што да го храните миленичето од најрана до најстара возраст, вклучувајќи и во периодите на несакани состојби како болест.

ПРИЈАВИ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ

Доколку забележите несакани ефекти од нашите производи, пријавете тука.